Рублев и Циципас покажаа зошто секој почеток е тежок

Петтиот носител Стефанос Циципас и 12-тиот фаворит Андреј Рублев беа на прагот на сензационални елиминации на стартот од гренслем-турнирот Ролан Гарос во Париз, но со многу мака и во маратонски мечеви успеаја да избегнат испаѓање во првото коло.

И двајцата најдоа начин да ја анулираат негативата од 0:2 во сетови против Сем Квери и Жауме Мунар и славеа со 3:2 во маратонски сетови.

Квери ги доби првите два сета со по 7:6 во тај-брејк, а потоа имаше и предност од 4:1 и 5:2, но не успеа да искористи сервис за победа, па загуби со 2:3.

Рублев се коцкаше во стартните три сета, но некако успеа да се протне во второто коло и ќе игра со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.

И Циципас беше на прагот на заминување од Париз откако беше комплетно надигран од Мунар во првите два сета. Шпанецот играше како по ноти и со 6:4, 6:2 тргна по сензација против петтиот носител, но потоа се случи голем пресврт.

Гркот се разигра и со 6:1, 6:4 и 6:4 ги доби следните три сета за стартна победа на Ролан Гарос. Противник во второто коло ќе му биде Пабло Куевас.

- Оглас -

Најнови вести