Рубљов освои сет, но Карлос Алкарас продолжува со одбраната на трофејот на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас продолжува со одбраната на титулата на Вимблдон. Тој се пласира во четвртфиналето на гранслем турнирот во Лондон совладувајќи го Андреј Рубљов со 3-1 во сетови.

Рубљов го освои првиот сет со 7-6 во тај-брејк, откако славеше со 7-5 на поени во неизвесната завршница.

Но, тоа не го поремети Алкарас. Шпанецот го освои вториот сет со 6-3 и го израмни резултатот.

Во третиот сет славеше со 6-4 во гемови, а на идентичен начин успеа да го освои и четвртиот сет, комплетирајќи го мечот.

- Оглас -

Најнови вести