11.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Руд Гулит: Фудбалот стана ужасен, сите само подаваат, подаваат…каде се тие што дриблаат?

Европскиот шампион со Холандија, Руд Гулит, кој денес има 63 години, јавно го искажа своето разочарување од современиот фудбал. Легендата вели дека повеќе не може да ужива во играта која ја сака.

„Решив да престанам да гледам фудбал. Веќе не уживам во нашиот спорт. Гледав Арсенал против Челзи, каков катастрофален меч беше тоа!“, напиша Гулит.

Легендарниот холандски ас критички ја опишува сегашната игра.

„Гледам играчи кои само се обидуваат да освојуваат корнери. Го гледам момчето покрај линијата, подготвено да подава крпи на играчите. Фудбалот стана апсолутно ужасен. Се надевам дека ова не е насоката во која оди спортот. Чекам играчи кои повторно ќе тргнат еден на еден против дефанзивците, некој како Ламин Јамал. Ми недостасува радоста! Сите само ги извршуваат задачите на теренот. Каде се играчите кои дриблаат? Каде се играчите кои умеат со топката? ЗОШТО СИТЕ САМО ПОДАВААТ?! ПОДАВААТ! ПОДАВААТ!“, додаде тој.

Со овие зборови, Гулит ја испрати јасната порака дека сака фудбал кој е динамичен, возбудлив и полн со креативност, наспроти предвидливиот стил што, според него, доминира во денешната игра.

- Оглас -

Најнови вести