Германецот Александер Зверев е вториот финалист на гран-слем турнирот Ролан гарос, откако со 3-1 по сетови го победи Каспер Руд. Норвежанецот го започна мечот како од соништата и го освои првиот сет со 6-2.
Сепак, во вториот сет Зверев возврати со истиот резултат за израмнување на 1-1. Кога се мислеше дека ќе гледаме квалитетен и израмнет тенис, на земјената подлога доминираше германецот кој ги доби следните два сета со 6-4 и 6-2 и победи со 3-1.
Сето тоа значи дека во финалето на грен-слем турнирот во Париз ќе гледаме шпанско-германска пресметка помеѓу Алкарас и Зверев.