Руд ван Нистелрој го напушти Манчестер јунајтед

Португалскиот тренер Рубен Аморим и официјално ја превзема тренерската функција во Манчестер јунајтед. Вечерва тој пристигнал во просториите на англискиот гигант и се запознал со челниците на клубот.

Аморим има 13 дена да го подготви тимот пред неговото деби, а тоа е мечот против Ипсвич кој ќе се игра по завршување на репрезентативните обврски на европските селекции.

Доаѓањето на Аморим значеше и заминување на Руд ван Нистелрој кој изминативе 20-тина дена беше привремен тренер на екипата. Со Ван Нистелрој на чело, Манчестер имаше три победи и едно реми без ниту еден пораз. Сепак, холандскиот стратег не е во плановите на Аморим, па Ван Нистелрој и неговите соработници мораше да си заминат.

„Руд е и секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед. Ние сме му благодарни за начинот на кој ја презеде улогата во клубот. Секогаш ќе биде добредојден на Олд Трафорд”, објави Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница.

- Оглас -

Најнови вести