Руд ван Нистелрој подготвен да седне на клупата на Лестер

Руд ван Нистелрој треба да биде назначен за нов тренер на Лестер, пренесуваат странски медиуми. Славниот холандски фудбалер сезонава ја започна како помошник-тренер во Манчестер јунајтед, а по отказот на Ерик тен Хаг, на четири меча ја имаше улогата и на главен тренер.

Во тие четири средби, Манчестер јунајтед со Ван Нистелрој на клупата имаше три победи и едно реми. Интересно е дека две победи забележа над Лестер, една во Купот и една во првенството.

По доаѓањето на Рубен Аморим за нов тренер на Црвените ѓаволи, Ван Нистелрој си замина, а сега се очекува да го наследи Стив Купер во Лестер. Купер доби отказ поради лошите резултати сезонава.

Пред да дојде во Англија, Ван Нистелрој беше тренер и во ПСВ Ајндховен, каде што имаше биланс од 33 победи, 10 ремија и само осум порази, а клубот освои два пехари.

- Оглас -

Најнови вести