Руд ван Нистелрој се враќа на „Олд Трафорд“?

Руд ван Нистелрој, некогашниот одличен напаѓач на Манчестер јунајтед и холандски репрезентативец, би можел да се врати на тренерската работа. Откако ја напушти клупата на ПСВ Ајндховен на крајот на сезоната 2022/23 поради недостаток на поддршка од раководството на клубот, тој една година беше без работа.

Сега се разгледува можноста да стане асистент во стручниот штаб на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед.

Постои и опција Руд ван Нистелрој да стане прв тренер на Барнли, кој бара нов менаџер по заминувањето на Винсан Компани.

Ван Нистелрој играше за Манчестер Јунајтед од 2001 до 2006 година и постигна 95 голови во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести