Руд ван Нистелрој најголеми шанси за титулата во Премиер лигата му дава на Ливерпул

Лестер загуби со 3-1 на гостувањето кај Ливерпул, а избраниците на легендарниот Руд ван Нистерлој ја почувствуваа моќта на премиерлигашкиот лидер. Холандскиот тренер после мечот беше искрен и најголеми шанси за титуата му даде токму на Ливерпул.

„Во Премиер лигата никогаш не се знае. Во минатото се случувало се и сешто, но оваа екипа е исклучително стабилна, го има најдобриот состав и најголеми шанси да ја освои титулата. Имавме план, како и за секој меч. Фудбалерите знаеја што треба да прават, но ова беше нашиот максимум. Енфилд не е место на кое често се освојуваат бодови, но овој натпревар е добар за нас да видиме до каде сме. Имавме посакуван старт, како што планиравме. Знаевме дека треба да играме и во остатокот од мечот, имавме и неколку шанси во контранапад.“ – вели Руд ван Нистерлој.

- Оглас -

Најнови вести