Руди Гарсија денеска за последен пат го водеше Наполи

Поразот од Емполи ја прели чашата на трпението кај раководството на Наполи на чело со претседателот Аурелио Де Лаурентис, и клубот веќе е во потрага по нов тренер.

Гарсија ги потроши сите кредити кои ги имаше и денеска за последен пат го водеше Наполи, но официјализацијата за неговата смена најверојатно нема да се случи вечерва, туку во наредните денови за време на паузата во првенството поради репрезентативните мечеви.

Како најсериозен кандидат за нов тренер на Наполи се спомнува Валтер Мацари, а ако не падне договор со него, клубот има и план Б, Ц, и Д, во имињата на Игор Тудор, Фабио Канаваро односно Антонио Конте.

Следниот меч на Наполи е на 25-ти ноември, па Де Лаурентис има доволно време да донесе одлука кој да биде наследник на Французинот Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести