20.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Руди Гарсија е под страшен притисок и голема одлука: Кој ќе го замени Лукаку против Македонија?

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер во Гент му гостува на првиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија. Домаќинот е пред голем притисок да оствари триумф, а белгиските медиуми фрлаат страшен притисок кон селекторот Руди Гарсија, кој е исправен пред сериозна одлука.

Без Ромелу Лукаку, главната ѕвезда која недостасува во нападот, аналитичарите сметаат дека Руди Гарсија ќе мора да игра покер, а во ракавот држи неколку џокери.

„Без Лукаку во врвот на нападот за Црвените ѓаволи, селекторот Руди Гарсија се соочува со стратешка дилема пред натпреварите против Македонија и Велс: која ќе биде неговата нова клучна карта? Во „шпилот“ има неколку опции, секоја со свои предности и ризици.

„Во неговата глава, тој уште не е подготвен за тоа“, вели Марк Дегрис, поранешен истакнат белгиски репрезентативец, а сега фудбалски аналитичар.

Јасно е дека Жереми Доку ќе биде најопасниот во тимот на Белгија на левата крилна позиција и дека сите конци во средниот ред ќе ги држи Кевин де Бројне. Но, Руди Гарсија ја бара вистинската „деветка“. Дали ќе биде тоа Тросар или можеби Де Кетеларе…?

- Оглас -

Најнови вести