11.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Руди Гарсија: Голманот на Македонија беше фантастичен, кога не можеш да победиш, добро е и ако не загубиш

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, не го криеше разочарувањето по ремито (0-0) со Македонија во Гент, но остана оптимистичен во однос на понатамошниот тек од квалификациите за Светското првенство.

Белгија важеше за апсолутен фаворит, но не успеа да најде начин да ја пробие македонската одбрана.

„Играчите дадоа сè од себе, немам никакви забелешки. Создадовме многу шанси, шутиравме кон голот повеќе од дваесет пати, но македонскиот голман беше фантастичен. Понекогаш, кога не можеш да победиш, сепак е најважно и да не загубиш“, изјави Гарсија.

„Ако ги освоиме сите девет бода до крајот, ќе го завршиме циклусот како лидери“, истакна селекторот на Белгија.

- Оглас -

Најнови вести