Руди Гарсија: Македонија покажа дека знае како да ги искористи нашите грешки

Белгија неубедливо ги заполна квалификациите за СП 2026 и освои само еден бод на гостувањето во Скопје. Белгиците добро почнаа, но откако го дадоа погодокот, се повлекоа и на крајот многу калкулираа и тоа им се врати со погодок во нивната мрежа.

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија признава дека Македонија одиграла добар меч, а шокантно било тоа што Белгија прими гол во финишот, кога селекција од таков калибар требало да ја сочува предноста.

„На пет минути до крајот требаше да го сочуваме водството. Откако примивме гол, немавме време да постигнеме втор погодок. Не одигравме добро. Знаевме дека Македонија е екипа која ќе ги искористи сите грешки на противникот. Имаа неколку шанси, за нивна несреќа два пати погодија статива. Мислам дека и тие со нивната игра се заслужни за овој резултат“, вели предводникот на Белгија, Гарсија, кој потенцираше дека одбраната мора да игра посигурно.

- Оглас -

Најнови вести