16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Рудигер: “Ако сакаш да бидеш на страната на победниците, тогаш дојди во Реал Мадрид“

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, имаше интересно интервју за шпанските медиуми во кое говори за критиките на негова адреса, за неговиот трансфер во Реал и за се што се случува во клубот. Тој во Мадрид пристигна минатата година од Челзи.

– „Како се носам со критиките? Многу едноставно. Тука ги критикуваат Роналдо, Бензема, Модриќ, кој сум јас за да не бидам критикуван?“ – го започна интервјуто германскиот интернационалец во Реал Мадрид.

Рудигер го коментираше и неговиот трансфер во “кралскиот“ клуб, за кој вели:

– „Прво презентацијата. Со должна почит кон другите клубови, но тука се гледа разликата. Погледнете ги презентациите на Роналдо и Бензема. Соба со трофеи, цела историја во една соба … неодоливо е. Кога во 2016-тата доживеав тешка повреда, Флорентино Перез ми испрати писмо во кое ми посакува брзо опоравување. Не можев да верувам. Се уште го имам писмото, го чува мојата мајка. Кога го освоив трофејот од Лигата на шампионите со Челзи, знаев дека можам да дојдам во Реал Мадрид. Едноставно е, ако сакаш да бидеш на страна на победниците, тогаш доаѓаш во Реал Мадрид.“

- Оглас -

Најнови вести