Рудигер не тренира, отпишан е за дуелот со Македонија, но доаѓа Нојер?!

Германската фудбалска репрезентација би можела вечерва во Скопје да допатува без дефанзивецот Антонио Рудигер. Играчот на Челзи има повреда на грбот, и не тренираше претпладнево со останатите 22 репрезентативци, меѓу кои и Мануел Нојер, кој би можел да се најде на листата на патници, иако не бранеше против Романија поради повреда. Ова е последен тренинг на Германците пред патувањето кој Македонија.

Тренинг сесијата Германците ја имаа на стадионот на Сент Паули во Хамбург, а после тренинг, селекторот Ханси Флик и Серж Гнабри ќе се појават на прес-конференција, по која ќе се знае кои играчи ќе бидат во комбинација за утрешното гостување во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести