Рудигер пријатно ги изненади мадридистите на промоцијата (видео)

Антонио Рудигер беше потврден како прв летен ангажман на Реал Мадрид на почетокот на овој месец, а денес му беше промоцијата како нов член на 14-кратниот европски првак.

При едно интервју германскиот стопер истакна дека не знае шпански јазик, но веќе почнал да учи, а по само три недели резултатите се видливи.

Рудигер се обрати на шпански јазик во видеото кое е објавено на официјалниот твитер-профил на Кралевите.

„Поздрав до сите. Многу сум среќен што пристигнав во Реал Мадрид. Хала Мадрид“, испрати Германецот порака на шпански јазик до своите нови фанови.

- Оглас -

Најнови вести