Рудигер сака нова авантура и да игра покрај Серхио Рамос

Антонио Рудигер од наредното лето ќе биде слободен агент откако му истекува актуелниот договор со Челзи.

Дефанзивецот на Сините сè размислува дали да остане во Лондон бидејќи има понуди од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, кои се далеку побогати.

Германецот кој беше еден од најзаслужните за минатосезонската титула во Лигата на шампионите посакува да игра покрај еден од најдобрите дефанзивци во фудбалот, Серхио Рамос.

Некогашниот капитен на Реал се пресели летово во ПСЖ и иако го мачат повредите и понатаму останува респектиран од колегите, знаејќи што се има освоено во неговата кариера.

Доколку дојде Рудигер, ПСЖ ќе го комплетира триото на неверојатни стопери Маркињос-Рудигер-Рамос, а во комбинација со Ди Марија, Меси и Нејмар, тешко дека ќе бидат запирливи.

- Оглас -

Најнови вести