Ругани ја заразил и неговата бремена девојка

Девојката на Даниеле Ругани, Мишела Персико, исто така е позитивна на Коронавирусот. Италијанецот беше прв случај од Серија А кој се зарази со вирусот Ковид-19, а успеал да го пренесе и на неговата бремена девојка.

Мишела соопшти преку социјалните мрежи дека е позитивна на Коронавирусот, иако ги нема симптомите. Среќа беше што дефанзивецот не го пренесе вирусот на соиграчите кои беа веднаш тестирани и се во домашна изолација, но сега си направи проблеми во својот дом.

Ругани моментално е во карантин и ги следи инструкциите на лекарите со цел да ја добие битката со Коронавирусот, а во меѓувреме за „Јувентус ТВ“ изјавил дека е во ред и дека уште ги нема симптомите преку кои може да се препознае присуството на вирусот.

- Оглас -

Најнови вести