28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Руи Мота: Дадовме гол и застанавме, потоа Шкендија го доби тоа што сакаше

Тренерот на бугарски Лудогорец, смета дека Шкендија го добила тоа што го сакала, дала два гола од контранапади, а неговиот тим престанал да игра после водството од 1-0.

„Првото полувреме го започнавме доста добро. Отворавме простори. Потоа постигнавме гол и престанавме да играме почнавме да губиме топки. Им го дадовме точно она што го сакаа од нас во овој натпревар. Контранападите беа нивниот план. Благодарение на нивните брзи крила, постигнаа два гола по два контранапади. На овој терен мора да играте едноставно, за да не ја губите топката лесно, а токму обратното го направивме вечерва. Кога не победувате, расположението е лошо. Мораме да се кренеме“, рече Мота.

- Оглас -

Најнови вести