Румениге: Ковач освојува трофеи и останува во Баерн

Во Баерн е важно да се освојуваат трофеи, а Нико Ковач ги освојува и ќе остане тренер на клубот. Тоа никогаш и не било доведено во прашање, изјави Карл Хајнц Румениге, легенда на Баерн, сега во улога на прв човек на најтрофејниот германски клуб.

Вчера Баерн славеше во финалето во германскиот куп, со 3:0 против Лајпциг и ја потврди двојната круна во Германија. Ковач е само вториот човек во богатата историја на еден од најдобрите светки клубови што освоил титула и како играч и како тренер на Баерн. Со него рамо до рамо е само Франц Бекенбауер.

„Воопшто не се сомневавме во квалитетите на Нико. Со него како тренер Баерн играше атрактивно и ефектно. Тренерот има важна улога, а нашиот е одличен“ дополни Румениге.

 

- Оглас -

Најнови вести