Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, пред пет години можел да стане член на Баерн Минхен, но им се лизнал низ прсти на Баварците и наместо во Бундеслигата, од Ред Бул Салцбург премина во Саутхемптон во англиската Премиер лига.
Сенегалското крило сега е една од клучните алки на актуелниот европски првак Ливерпул, најдобриот англиски тим во моментов.
„Бевме заинтересирани за Мане, но некако не успеавме да го реализираме трансферот. Тој замина во Саутхемптон, а потоа во Ливерпул. Штета“, вели извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
Баерн повторно е во потрага по крило, прв избор им е Лерој Сане, но договорот пропадна откако Сане се здоби со тешка повреда. Сега веќе во Баерн не го спомнуваат Мане бидејќи цената му е драстично поголема отколку кога играше за Салцбург.