Руне има план како може Ѓоковиќ да биде испратен побрзо во пензија

Данскиот тенисер Холгер Руне вели дека сите млади тенисери мора заеднички „да работат“ за да го натераат Новак Ѓоковиќ да оди во спортска пензија. Според Руне, најлесно е Ѓоковиќ да се повлече од светската сцена само ако почне многу почесто да губи од нив. Руне смета дека тој, заедно со Карлос Алкарас и Јанис Синер, треба да бидат оние кои ќе го „испратат“ Ѓоковиќ од светскиот тенис.

„Сите имамвме одлична сезона. Јаник беше феноменален, Карлос го освои Вимблдон. За овој спорт добро е да има повеќе тенисери кои ќе доминираат. Не велам дека ние доминираме затоа што Новак уште е тука, но мораме да се обидеме да го симнеме од врвот“, вели Руне.

И покрај сите обиди на младите тенисери, оваа 2023 година Ѓоковиќ ја заврши спектакуларно. Србинот триуфмираше на три гренслем-турнири, го освои и завршниот Мастерс, а на крајот  годината ја заврши и на првото место на АТП-листата, и тоа по рекорден осми пат.

„Не треба ние само по еднаш да го победуваме Новак. Тоа мора да го правиме многу почесто. Ѓоковиќ освои три од четирите гренслем-турнири. Мене ми се допаѓа што Новак е тука затоа што ние помладите играчи може да бидиме, тоа е вистинското и што треба да се направи. Тој постави многу висок стандард“, додаде Руне.

- Оглас -

Најнови вести