Данскиот тенисер Холгер Руне, кој годинава ќе ја заврши на осмото место на АТП-листата, сака да напредува и веќе има желба за Новата година. Таа желба не е лесно остварлива, сака да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Отвореното првенство на Австралија.
Инаку, Ѓоковиќ има 10 финалиња на Отвореното првенство на Австралија и ги доби сите.
„Во 2024 би сакал да остварам одлични резултати на тврда подлога. Досега добро ми оди на земја, трева и во сала, време е за тврдите подлоги на отворено. Најголема победа би ми била ако го победам Ѓоковиќ во финале на Отвореното првенство на Австралија. Новак го има остварено сето тоа за кое ние останатите сонуваме“, вели 20-годишниот Руне.
Руне работи со тренерот Борис Бекер и верува дека тој е вистинскиот човек за него бидејќи Бекер беше најдобар тенисер на светот кога беше на возраст отприлика како сега што е Руне и може да му подели корисни совети.