Вејн Руни за првпат играше против Манчестер јунајтед по камбекот во Англија и не успеа да му даде гол на клубот чиј најдобар стрелец е во клупската историја и испадна со Дерби во ФА купот.
Црвените ѓаволи беа доминантни и славеа со 3:0 на гостински терен, па ќе играат во четвртфиналето на националниот Куп на Англија против Норвич.
Лук Шоу во 33-тата минута со интересен удар го отвори резултатот, а гостите најавија сигурен пласман во следната фаза со голот на засилувањето Одион Игало.
Истиот играч со нов гол во 70-тата минута само ја потврди победата на фаворитот, кој има голема шанса и за пласман во полуфиналето бидејќи е голем фаворит против Норвич.