Вејн Руни ги чека богатите шеици од семејството Бин Зајед за да тргне во офанзива кон Премиерлигата, а популарните Рамс наскоро веројатно ќе добијат нов сопственик.
Шеикот Калед Бин Зајед Ал Нехајан, роднина на шеикот Менсур Бин Зајед, кој е прв човек на Манчестер сити е во завршни преговори за превземање на Дерби Каунти.
Сегашниот сопственик на Рамс, Мел Морис е расположен да го продаде клубот со традција за респект и со две титули во Англија.
Планот е Дерби да се засили значајно во зимскиот преоден рок и да се обиде да приреди подвиг и да се пласира во Премиерлигата веќе оваа сезона.
Можно е Руни да биде именуван за нов тренер на местото на Филип Коку, ако преговорите меѓу богатиот шеик и сегашниот сопственик на Дерби завршат успешно.
Моментно Дерби Каунти е на 22. место во Чемпионшип со само пет бода. Предност во втората по квалитет лига во Англија е што има бараж за едно место во Премиерлигата, па во најлош случај популарните Овни би требале да дотуркаат барем до шестата позиција, последна што гарантира настап во плејофот за промоција во најсилната англиска лига.