Вејн Руни не верува во добитна комбинација за Манчестер јунајтед, ако „црвените ѓаволи“ летово купат една, или две голем и фудбалски ѕвезди и за нив потрошат стотици милиони евра.
„Според мене Оле треба да почне со обнова на тимот со купување на неколку играчи што можат да одговорат на реномето и потребите на Манчестер јунајтед, наместо да се трошат стотици милиони фунти за ангажман на играчи како Меси, Роналдо, Рамос, Бејл… Секој посебно од н ив ќе чини над сто милиони евра, пари со кои можат да се купат тројца одлични играчи“, вели Руни, кој сега игра за Ди-Си Јунајтед во МЛС лигата во САД.
Руни и Оле Гунар Солскјер, кој сега е менаџер на Манчестер јунајтед играа заедно за „црвените ѓаволи“ од 2004 до 2007 за еден од најтрофејните клубови во Европа.