Руни на ужасен начин се прости од Вашингтон и си заминува од САД

Вејн Руни го одигр апоследниот меч за ДЦ Јунајтед и нема да го памти по добро. Некогашниот англиски репрезентативец играше против Торонто во плеј-офот и беше елиминиран.

Торонто водеше со 1:1, а ДЦ јунајтед успеа да израмни во последните моменти од мечот, па се избори за продолженија. Тука беше кошмарот за Руни и соиграчите. Торонто во дополнтелните 30 минути даде дури 4 гола и на крајот победи со убедливи 5:1.

Руни завршува во МЛС со 51 меч одигран во дресот на тимот од главниот град на САД, во кои даде 25 погодоци и беше вистински промотер на тимот. Сега голгетерот се враќа во Англија, каде од јануари го чека нов предизвик. Руни се договори со тимот на Дерби каунти каде треба да биде со двојна улога. Тој ќе биде тренер, но и играч во тимот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести