Руни нема долго да остане без работа, веќе е позната неговата следна дестинација

Поранешниот англиски репрезентативен напаѓач, а сега тренер, Вејн Руни, викендов што измина ја заврши својата американска авантура и не е повеќе тренер на ДС јунајтед во МЛС лигата.

Руни не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот, па следуваше спогодбен раскин на договорот. После заминувањето од ДС јунајтед, тој најави дека ништо договорено за неговата иднина, но фудбалскиот аналитичар Фабрицио Романо тврди дека Руни ќе биде новиот тренер на членот на Чемпионшип дивизијата, Бирмингем.

Екипата во моментов е шесттата позиција со 12 поени помалку од лидерот Лестер и е во потрага по нов тренер. Според раководството на клубот, Вејн Руни би бил најдоброто решение за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести