Руни потпиша за Манчестер јунајтед!

Кај Руни, синот на легендата на Манчестер јунајтед Вејн Руни, потпиша со академијата на Црвените ѓаволи. Најстарото дете на Руни на 11 години својот фудбалски развој ќе го продолжи во редовите на 20-кратниот англиски првак, каде што татко му цела една деценија ги радуваше навивачите на Јунајтед.

Руни е горд што во синот си доби наследник, кој според фотографијата подолу, ќе го носи истиот број 10 кој Вејн го носеше на црвениот дрес. Инаку, Кај претходно тренираше во академијата на Манчестер сити, но сега одлучи да игра за клубот каде што неговиот татко е легенда.

- Оглас -

Најнови вести