8.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Руни: Салах можеби ќе го напушти Ливерпул уште во јануари

Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, прогнозира дека ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, можеби ќе го напушти клубот уште во јануарскиот трансфер прозорец поради лошата форма во последно време.

33-годишниот Салах, кој минатата година беше прогласен за најдобар играч на сезоната и имаше клучна улога во освојувањето на титулата со Ливерпул, оваа сезона делува без самодоверба. Неговиот пад во формата се совпадна со серијата од четири порази на Црвените, вклучувајќи го и дербито со Манчестер јунајтед.

На овој дуел, како и на претходниот со Челзи, Египќанецот промаши неколку одлични шанси.

„Салах одигра многу натпревари во последните неколку години. Тој беше главниот човек и го носеше тој притисок на плеќите. Според мене, тој е меѓу петте или седумте најголеми играчи во историјата на Премиер лигата. Мислам дека можеби веќе и малку му е преку глава“, изјави Руни.

Тој додаде дека нема да биде изненаден ако Мохамед Салах го напушти клубот „во јануари или можеби следното лето“. Сепак, Руни не крие дека е восхитен од неговите квалитети.


„Ми беше задоволство да го гледам, тој е фантастичен фудбалер, но мислам дека едноставно му е преку глава во овој момент.“

- Оглас -

Најнови вести