Руни се нервира, не памти кога го „тепале“ вака (Видео)

Вејн Руни е во ситуација во каква не бил оддамна во богатата фудбалска кариера и вечерва го доживеа и петтиот пораз по ред со Дерби Каунти.

Популарните Овни не можеа да избегнат нов неуспех во дуелот со Ватфорд и загубија со 0:1 на домашен терен, а црната серија продолжува.

Руни пристигна во Дерби со цел да помогне клубот со светла традиција да се пласира во Премиерлигата, а лани не стасаа до плејофот.

Оваа сезона ја почнаа уште полошо и имаат четири порази и само една победа, а сметајќи го и неуспехот во Лига купот и поразот од Престон, веќе имаат низа од пет неуспеси.

Токму толку титули има Руни со Манчестер јунајтед во Премиерлигата, а сега веројатно ќе мора да има и нова улога во Дерби.

Филип Коку речиси сигурно ќе добие отказ, а се најавува дека Руни ќе биде негов наследник во улога и на фудбалер и на тренер на Дерби Каунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести