Грешките кои ги направија судиите на натпреварот помеѓу Астон вила и Њукасл во англискиот ФА куп беа причина за остра критика од страна на легендарниот напаѓач Вејн Руни. Тој вели дека судиите веќе не носат сами одлуки, туку само чекаат помош од ВАР.
„Мислам дека има преголема зависност од ВАР. За жал, судиите се навикнаа на тоа – добиваат помош од сите страни. Понекогаш тоа ги спасува. Чекаат, чекаат да им се каже што да направат, па дури тогаш носат одлука. Но, ако нема ВАР, ќе мора сами да одлучуваат. Некако се одвикнаа од тоа, а и правилото асистентите да го држат знамето спуштено им создава проблеми, што се виде и на натпреварот Астон ила – Њукасл. Никој не вели дека ова е лесна работа. На судиите им е потребна помош, но мислам дека во оваа ситуација не ја добиваат од ВАР. Имав чувство дека помошниот судија беше во одлична позиција да ја види ситуацијата, а главниот едноставно не го зема предвид неговиот сигнал. Кога ништо не се случи, ми беше многу чудно. Веројатно и самите судии беа разочарани кога сфатија што се случило. На крајот, тоа навистина беше лош развој на настаните“, вели Вејн Руни.

