Некогашниот капитен и напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, откри интересни работи околу професионалноста на Кристијано Роналдо во младоста. Сега Португалецот многу, дури и претерано внимава на своето тело и исхраната, но не било секогаш така.
„Првата година кога дојдов во Манчестер, со Кристијано заедно тренирав и одев на натпревари, па се дружевме. Се сеќавам една вечер пред натпревар заминавме во Мекдоналдс, тој сакаше да јаде Биг Мек. Беше многу слаб, и сакаше да си ја зголеми тежината“ – се присетува Руни.
Руни се чуди како Роналдо успева да се одржи во топ форма и на 35-годишна возраст, а притоа јаде шест пати на ден, има четири деца и спие по осум часа.