9.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Руни за Салах: „Егото му е повредено со доаѓањето на Исак и Вирц“

Еден од најзаслужните за титулата на Ливерпул од минатата сезона, Мохамед Салах, игра далеку од препознатливата форма. Црвените имаат три порази по ред, од кои два се во Премиер лигата, па по максималниот старт, следуваше пад на втората позиција на табелата со бод помалку од Арсенал.

„Врвните фудбалери имаат его, а Салах веќе долго време е еден од најдобрите во лигата. Можно е да му е нарушено егото поради потписите на Александер Исак и Флоријан Вирц. Мислам дека повозрасните и поискусни играчи како Вирџил ван Дајк треба да му кажат дека мора да помога и во одбраната“, вели Вејн Руни.

Ливерпул летово само за Исак и Вирц потроши неверојатни 240 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести