Русија не разби за едно полувреме, разликата е 18 поени

Македонија има негатива од 18 поени, 51:33, по првото полувреме против домаќинот Русија во квалификациски меч за настап на Евробаскетот идната година.

Избраниците на Александар Тодоров добро го почнаа мечот против фаворитот, со тројката на Бојан Трајковски поведоа со 9:5 во четвртата минута од мечот, но потоа следеше серија на Русија од 6:0 за предност од 11:9.

Војдан Стојановски со две тројки не врати во ритам, но Русите повторно беа на ниво и го завршија првиот период со предност од пет поени, 26:21.

Лошо го почнавме вториот период, Русите искористија и брзо стасаа и до двоцифрена предност, 37:27 на шест минути до крајот на полувремето.

Домаќините доминираа предводени од незадржливиот тандем Боломбој и Кулагин, а клуч на големата разлика од 18 поени по првото полувреме е предмоста во скокот од цели 17 повеќе за домаќините.

Русите имаа дури 24 скока од кои 9 офанзивни, наспроти македонските 7 вкупно во првото полувреме.

Војдан Стојановски е прв стрелец  во македонскиот табор со 10 поени, Џекоб Вајли постигна 8, а Бојан Трајковски уфрли 7 поени.

Кај Русите расположен за игра е тандемот Болмбој и Кулагин, кошаркари кои заедно постигнаа 20 поени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести