Русија доби нов жесток удар од УЕФА!

Рускиот фудбал доби нов голем удар од Европската фудбалска федерација (УЕФА), откако е решено оваа репрезентација да биде исфрлена од ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Ова го соопшти претседателот на Украинската фудбалска федерација, Андриј Павелко, а во скоро време се очекува и официјална потврда од челниците на УЕФА.

„Русите едноставно нема за што да се подготвуваат. Русија нема да биде на 9 октомври во Франкфурт. Барем до 2024 година нема да има шанса да игра официјален фудбалски меч. ЕВРО 2024 година ќе биде без Русија“, напиша Павелко на социјалните мрежи.

По почетокот на војната во Украина, Русија беше суспендирана од сите меѓународни фудбалски активности. Иако имаше шанси да биде дел од Светското првенство во Катар, Русија беше исфрлена од бараж-дуелите и нема да биде дел од Мундијалот кој ќе започне за помалку од два месеца.

Ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 година ќе биде на 9 октомври во Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести