Русија продолжи во победнички ритам и во втората фаза од групите на ЕП за жени, совладувајќи ја селекцијата на Србија со конечни 29-25. Русинките ја оправдаа фаворитската улога во овој дуел, а поголемиот дел од работата го завршија по првите 30 минути.
Со предност од три гола (16-13) го започнаа вториот дел, а го задржаа и ритамот. Србија успеа да се доближи само до -2, а потоа немаа сили за пресврт или евентуално реми.
Холандија им го нанесе првиот пораз на ракометарките на Романија, со конечни 29-24. Во групата 2 од втората фаза, сега „лалињата“ се први со максимални шест бода, додека Романија и натаму има шанси за пласман во полуфиналето.