10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Русија планира да организира „паралелно Светско првенство“ во исто време со Мундијалот 2026?!

Руските спортисти и репрезентации се надвор од меѓународните натпреварувања од февруари 2022 година, но постојано играат пријателски натпревари. Фудбалската репрезентација на Русија веќе одигра 30-тина пријателски натпревари, а сега од истокот на Европа стигнува најава за „алтернативно Светско првенство“, кое би се одржало во исто време со Мундијалот 2026, а би учествувале репрезентации кои нема да настапат во САД, Канада и Мексико.

Иако нема официјална потврда од Фудбалскиот сојуз на Русија, многумина на ваквите најави гледаат како на притисок кон ФИФА да ја укине суспензијата.

Веќе се споменуваат и репрезентациите кои би можело да учествуваат, а освен домаќинот Русија, од европските земји се Србија, Грција и Ерменија. Од Африка би учествувале Камерун и Нигерија, додека Јужна Америка би ја претставувале Чиле, Перу и Венецуела. Сепак, бројот на земји може да се зголеми, иако во моментов ниту еден Фудбалски сојуз не ги потврдува најавите за играње на едно вакво натпреварување, кои би имало само пријателски карактер.

Според најавите, на ова натпреварување би учествувале осум или 12 селекции, кои би играле на четири стадиони на кои се одржуваше Светското првенство во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести