Претседателот ФИФА, Џани Инфантино, во интервју за „Скај спортс“ најави дека наскоро ќе биде укината суспензијата за Русија и тие ќе може да се вратат во светскиот фудбал.
„Мора да го разгледаме враќањето на Русија, дефинитивно, бидејќи оваа забрана не постигна ништо. Само создаде поголема фрустрација. Многу би помогнало која девојчињата и момчињата од Русија би можеле да играат натпревари во другите делови на Европа“, рече Инфантино.
Претседателот на ФИФА во своето интервју истакна и дека, лично тој, е апсолутно против вакви суспензии и треба да се направат измени во статутот за во иднина да не се случи некоја селекција да биде суспендирана само поради постапките на своите политички лидери.
Русија е суспендирана од страна на УЕФА и ФИФА уште од февруари 2022 година и почетокот на воените судири со Украина.

