Репрезентацијата на Русија го одигра 13-тиот пријателски натпревар после суспензијата во 2022-рата и се уште нема пораз. Русите вечерва ја забележаа осмата победа, односно четврта по ред, откако во Краснодар ја совладаа селекцијата на Брунеј со 11-0.
Иако за противник ја имаа една од најслабите светски селекции, сепак руските фудбалери немаа милост и победија убедливо, а резултатот го отворија уште во првата минута. Русија во вторник ќе одигра уште еден пријателски меч, овој пат против Сирија.