Русин му донесе триумф на Монако

Фудбалерите на Монако со минимални 1:0 го совладаа Брест во рамки на 17-то коло во Лига 1 и ја продолжија битката за освојување на едно од првите три места кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Монако по 17 кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 33 бода, иско колку што има и третопласираниот Олимпик Марсеј кој има и натпревар помалку.
Голот вреден три бода за Монако го постигна рускиот репрезентативец, Александр Головин во 54-та минута.

Минимален триумф на домашен терен оствари и Нант кој до трите бода во дуелот со Оксер дојде благодарение на голот на Коко во 74-та минута.
Тулуж со 2:0 го совлада Ајачио, а Лориен славеше со 1:2 на гостувањето кај Анже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести