Боксерската кариера на Русинот Идрис „Агресорот“ Абдурашидов најверојатно ќе трае кратко.
Абдурашидов кој досега беше ММА борец, се проба во боксот, и на момент „се занесе“ и заборави дека во боксот не се дозволени удари со нога, па брутално го нокаутираше својот противник Багер Фараџи од Иран со удар со „хај кик“ со левата нога во лицето. За овој потег, Русинот беше дисквалификуван.
Абдурашидов во ММА има скор 4-0, а во боксот имаше 2-0 пред борбата со Фараџи која му беше прва професионална.
„Агресорот“ самиот објави снимка од неспортскиот нокаут и објави дека ударот со нога го извел „по автоматизам“.
Боксерскиот спорт и фановите се во шок, се бара доживотна суспензија за Русинот, а тоа и навистина е опција.
Undefeated ONE featherweight Idris Abdurashitov was disqualified yesterday for knocking out his opponent (Bagher Faraji) with a head kick during a boxing match. pic.twitter.com/vxBbRPJXi9
— caposa (@Grabaka_Hitman) October 21, 2024