14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Русин не сакаше да клекне на колено, па доби суспензија од клубот

Непочитувањето на симболот на движењето „Животите на црните се важни“, клечење на едно колено, некаде се казнува. Некои спортисти не сакаат да го почитуваат, а „бунтовникот“ од американскиот второлигаш доби суспензија затоа што одби да клекне.

Валери Сарамутин е 25-годишен руски фудбалер кој е роден во Њу Џерси во САД, има и американско државјанство, а веќе нема да игра за клубот Остин боулд.

„Не сакав да клекнам, па од клубот имаа прашања за мене. Тренерот ми рече дека треба да размислам за својата постапка. Претседателот, кој е белец, ми рече дека клечењето е израз на почитување, а јас одговорив дека не разбирам зошто тоа мора да се направи, треба да клечат само тие кои сакаат“, вели Сарамутин, кој по случката не започна ниту еден меч, а потоа доби и суспензија.

Сега тој размислува дали да продолжи во САД или да се врати во Русија, каде што играше до 2018/19.

- Оглас -

Најнови вести