38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Русин за време на интонирање на химната со нацистички поздрав ја прослави победата (ВИДЕО)

Јуниорскиот картинг шампион Артем Севериукин е под истрага од страна на ФИА откако за време на церемонијата на доделувањето за наградите, публиката ја поздрави со нацистички поздрав.

Тој на шампионатот за возачи од 11 до 15 години, кој викендов се одржа во Алграве, Португалија, овој потег го направи додека се интонираше италијанската химна бидејќи Артем сега настапува под италијански пасош, откако спортистите од Русија добија забрана да се натпреваруваат под капата на ФИА.

Останува да се види каква ќе биде казната од страна на Светската автомобилистичка федерација, којашто е позната по своите драконски казни за вакви големи испади од страна на спортистите.

- Оглас -

Најнови вести