Русинка водеше со 5-0 во третиот сет, а го загуби мечот, па си ја удираше главата со рекетот (Видео)

Руската тенисерка Вероника Кудерметова е елиминирана од турнирот во Гвадалахара губејќи од Колумбијката Марија Осорио во меч од три сета со резултат 6-7, 7-6, 5-7, и тоа Кудерметова во третиот сет водеше со 5-0 и имаше добиен меч в рака.

Во последниот сет Вероника имаше огромна предност од 5-0, но загуби седум гејма по ред. Откако Осорио го израмни резултатот на 5-5, Русинката ги загуби нервите и почна да се удира со рекет по глава. Ова не ѝ помогна да се врати во игра. Таа ги загуби и преостанатите два гејма и мечот.

- Оглас -

Најнови вести