14.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Русинките пресилни, и сениорките и младинките ни држеа фудбалски лекции

Женските фудбалски репрезентации на Македонија денеска беа поразени од Русија во пријателски натпревари.

Сениорките со реновиран состав и без некои од оние што досега беа најстандардни, на стадионот „Младост“ во Струмица беа поразени со убедливи 0-5, додека селекцијата за фудбалерки до 19 години на „Кукуш“ во Турново загуби од врсничките од Русија со 0-4 (првиот дуел заврши 2-1 за Русија).

А тимовите играа и пред три дена, тогаш Русија победи 2-0. Очигледно дека Русинките имаат квалитет, а и желни се за играње, бидејќи смеат да играат само пријателски, не и официјални мечеви.

- Оглас -

Најнови вести