Македонија го заврши вториот настап на Европските првенства со петти пораз по ред во Ц групата, а денеска Русија беше убедлива и славеше со 3:0.
Речиси и са немаше отпор на популарните Спартанци, што е прекарот на македонската репрезентација, а ја немаше ниту прпознатливата борбеност, па лесно и брзо загубивме со 15:25, 13:25, 18:25.
Русите од самиот старт најавија дека ќе забележат очекувана победа и од 9:8 направија серија од 6:0, а потоа со 10 поени разлика со 25:15 поведоа со 1:0 во сетови.
И во продллжението играше само една репрезентација, па и вториот сет заврши многу брзо со убедлива разлика од 12 поени, 25:13 за Русија.
Третиот сет исто така беше само формалност, па Русите за миг поведоа со 8:2. Македонија се обиде да биде рамноправна, стаса од 12:8, потоа и до 19:16, но тоа беше последниот обид да се направи нешто поконкрентно.
Русите го добија сетот со 25:18 и ги завршија натпреварите во Ц групата како третопласирани и ќе играат во следната фаза.
Македонија со пет порази на пет меча го заврши настапот на второто Европско првенство во историјата на нашата одбојка.