Русите доминираат во Мајами, имаат еден гарантиран финалист

Двајца руски тенисери со четвртфинални победи од 2-0 во сетови обезбедија полуфинале на Мастерсот во Мајами и ќе играат еден против друг за влез во финалето. Тоа се Данил Медведев и Карен Хачанов.

Популарниот Медо беше подобар од Американецот Јубенкс, додека Хачанов го надигра Аргентинецот Серундоло.

Првиот носител, Карлос Алкарас вечерва по полноќ игра со Тејлор Фриц, а ако го мине, ќе има полуфинале со Јаник Синер. На Алкарас само освојување на турнирот му носи задржување на првото место на АТП-листата, а ако загуби во четвртфиналето, полуфиналето или финалето, тогаш Новак Ѓоковиќ од понеделник се враќа на тронот.

- Оглас -

Најнови вести