Руските фудбалски тимови ЦСКА, Локотив и Динамо Москва, како и Зенит Санкт Петерсбург испратиле покана до Црвена ѕвезда и Партизан да учествуваат на летен турнир којшто би се одржал во оваа држава.
Добро упатените медиуми за спорт од најголемата држава во светот велат дека се планира правење на „Премиер купот“, кој ќе се одржи во некој од летните месеци, како загревање за претстојната сезона, но сè уште нема одговор од српските великани.
Јасно е и зошто е тоа така, бидејќи постои реална можност УЕФА да ги суспендира Црвена ѕвезда и Партизан од учество во европските натпреварувања, особено тоа би бил голем удар за првакот на оваа држава, којшто од наредната сезона директно ќе учествува во групната фаза од Лигата на шампионите.
Јасно е дека со учеството на овој турнир ниту одблиску нема да ги добијат парите коишто би ги добиле од УЕФА, па затоа јасно е зошто сè уште нема никаков одговор од екипите.