Резервата на Русија, Александар Соболев беше ладнокрвен и го погоди пеналот во 85. минута за победа на својата репрезентација против Бугарија во последнито тест меч пред настапот на ЕП.
Зборнаја беше подобра, но до самиот финиѓ не успеваше да го скрши отпорот на Бугарите, кои се бранеа и се обидуваа со кнтранапади да изненадат.
Сепак Русија ја оправда улогата на фаворит и на учесник на ЕП и успеа да победи. Бугарите ја продолжија црната серија од 7 меча без победа, а имаат само еден триумф, против Гибралтар во последните две години.
Русија е во група со Белгија, Финска и Данска на Европското првенство, а ќе почне на 12. јуни против Црвените ѓаволи во Санкт Петербург. И со Финците ќе бидат домаќини на 15. јуни повторно во Самкт Петербруг, а со Данците ќе играат во Копенхаген на 18. јуни.