Организаторите на гренслем-турнирот Вимблдон одлучија да им дозволат настап на руските и белоруските тенисери оваа година, но само како неутрални спортисти. На еден од најпрестижните тениски турнири му се закануваше исфрлање од АТП и ВТА бидејќи минатата година не им дозволија настап на тенисерите од Русија и Белорусија поради руската инвазија на Украина. Тоа значеше дека дел од најдобрите тенисери и тенисерки не добија право на настап, а тениската организација донесе „соломонско“ решение да не се сметаат бодовите од тој турнир за рангирањето.
Со оваа одлука Вимблдон повторно ќе се бодува, а најдобрите светски тенисери ќе настапат на англискиот гренслем.
Сепак, ќе има одредени рестрикции кон тенисерите. Нема да им биде дозволено изразување на поддршка кон руската инвазија на Украина, но нема да им биде дозволен настап на оние тенисери или тенисерки кои се финансирани од државата, односно од Русија или Белорусија.